Oktaj Omeragikj
07 Август 2020•Ажурирај: 08 Август 2020
СКОПЈЕ
Натпреварите од осминафиналето на УЕФА Лигата на шампиони кои во март беа прекинати поради пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), продолжуваат со средбите што ќе се играат денеска и утре, јавува Агенција Анадолија (АА).
Денеска на програмата се два натпревари од најважното фудбалско клупско натпреварување во Европа, УЕФА Лигата на шампиони. Се среќаваат Манчестер Сити - Реал Мадрид и Јувентус - Лион. Почетокот и на двете средби е закажан за 21:00 часот.
На првата средба Реал Мадрид на домашен терен загуби со резултат 1:2 од Манчестер Сити, додека Лион како домаќин со 1:0 го совлада Јувентус.
Утре на програмата се преостанатите две реванш-средби од осминафиналето на Лигата на шампиони. Се среќаваат Барселона - Наполи и Баерн - Челси.
Баерн на првата средба како гостин извојува убедлива победа од 3:0 против Челси, додека Наполи не ја искористи предноста на домашен терен и на првата средба против Барселона одигра нерешено 1:1.
Следната недела се играат натпреварите од четвртфиналето на Лигата на шампиони. На 12 август се среќаваат Аталанта - ПСЖ. В среда на 13 август играат Лајпциг - Атлетико Мадрид. На 14 и 15 август ќе се сретнат победниците од реванш-средбите што се играат вечерва и утре. Сите натпревари ќе започнат во 21:00 часот.