Yunus Kaymaz
04 Септември 2019•Ажурирај: 05 Септември 2019
ИСТАНБУЛ (АА) – Роџер Федерер, кој е на третото место на АТП-листата, на последниот Гренд-слем турнир во сезонава кој се одржува во Њујорк, Соединетите Американски Држави (САД), во четвртфиналниот натпревар играше со Григор Димитров кој се наоѓа на 78. место на АТП-листата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Димитров, во мечот кој траеше 3 часа и 12 минути, го совлада својот противник со 3:2 (3-6, 6-4, 3-6, 6-4 и 6-2) во сетови и успеа да се пласира во полуфиналето на турнирот. Бугарскиот тенисер за првпат во својата кариера го порази Федерер.
Рускиот тенисер Даниел Медведев, кој се наоѓа на петтото место на АТП-листата, го совлада Швајцарецот Стен Вавринка со 3:1 (7-6, 6-3, 3-6 и 6-1) во сетови. Вавринка се наоѓа на 23. место на АТП-листата.
Во женска конкуренција, Американката Серена Вилијамс која се наоѓа на осмото место на ВТА-листата, ја совлада Кинеската Кианг Ванг со 2:0 (6-1 и 6-0) во сетови.
Ривал на Серена Вилијамс во полуфиналето ќе биде украинската тенисерка Елина Свитолина, која се наоѓа на петтото место на ВТА-листата.