Bedrudin Brlyavac
05 Мај 2016•Ажурирај: 06 Мај 2016
САРАЕВО (АА) - Род Лавер, легендарниот австралиски тенисер, изјави дека Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер се најдобарите во историјата на тенисот, јавува Anadolu Agency (AA).
Лејвер, кој во 1962 и 1969 година ги освои сите Гренд слем турнири, смета дека Ѓоковиќ се изедначил со Федерер во битката за најдобар тенисер на сите времиња
„Не може да го ставите едниот над другиот. Само погледнете ги нивните натпревари. Вие знаете дека Федерер има повеќе титули, но кога ќе се погледне во тоа како Ѓоковиќ игра мора да се признае дека тие се еднакви”, рече Лејвер.
Ако Ѓоковиќ го освои „Ролан Гарос” ќе стане првиот играч по Лејвер кој успеа да биде вистински победник на сите четири големи турнири.
Род Лејвер е вториот и последен играч кој сите големи титули ги освои два пати во својата кариера. Пред него, тоа го постигнаа само Рој Емерсон и Маргарет Кутр.