Mutlu Demirtaştan
14 Ноември 2017•Ажурирај: 14 Ноември 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, Дидиер Дрогба, кој моментално го носи дресот на американскиот фудбалски клуб Феникс Рајсинг, соопшти дека кон крајот на наредната сезона ќе стави крај на својата професионална фудбалска кариера, јавува Anadolu Agency (AA).
„Наредната сезона ќе биде крај за мене. Сите треба да застанат во еден одреден момент. Играњето фубал е прекрасно, но веќе имам 39 години, и ова влијае врз мојот перформанс“, нагласи Дрогба во изјава за француските медиуми.
Дрогба кој 1,5 години одигра за турскиот клуб Галатасарај, во својата кариера ги носеше дресовите на Генган, Олимпик Марсеј, Челси, Шангај Шенхуа и на Монтреал импакт.
Toj во април оваа година стана партнер на клубот Феникс Рајсинг од Американската втора фудбалска лига (УСЛ).
Дрогба е партнер на овој клуб, но истовремено го носи дресот. Тој минатата сезона постигна 9 погодоци на 14 натпревари.