Yunus Kaymaz
17 Март 2020•Ажурирај: 18 Март 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Европското фудбалско првенство 2020 (ЕВРО 2020) е одложено за една година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение објавено на Твитер ја потврди Фудбалската федерација на Норвешка.
Во соопштението се нагласува дека УЕФА донела одлука за одложување на ЕВРО 2020 за една година, и дека истото првенство ќе се одржи во периодот од 11 јуни до 11 јули 2021 година.
Меѓу другото, УЕФА на денешниот состанок одржан преку телеконференциска врска на федерациите на земјите членки, дискутираше за настаните поврзани со новиот вид коронавирус (Ковид-19).
На состанокот се очекува да се донесат важни одлуки во врска со ЕВРО 2020, Лигата на шампионите, како и за финалето на Лига Европа на УЕФА.