спорт

ЕВРО 2024: Шолц ја поздрави посетата на турскиот претседател Ердоган на Берлин

„Воодушевен сум што турскиот претседател е во посета, а патем, многу шефови на држави и влади и некои кралски семејства доаѓаат тука на натпреварите“

Ayhan Şimşek  | 05.07.2024 - Обновена : 06.07.2024
ЕВРО 2024: Шолц ја поздрави посетата на турскиот претседател Ердоган на Берлин

БЕРЛИН (АА) - Германскиот канцелар Олаф Шолц денес ја поздрави планираната посета на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на Берлин за утрешниот четвртфинален натпревар на ЕВРО 2024 меѓу Туркије и Холандија, јавува Анадолу.

„Воодушевен сум што турскиот претседател е во посета, а патем, многу шефови на држави и влади и некои кралски семејства доаѓаат тука на натпреварите“, изјави Шолц за новинарите во Берлин.

Тој додаде дека се трудат претставници на германската Влада секогаш да бидат присутни, што го смета за голем знак на почит. Најави дека ќе присуствува на вечерашниот натпревар меѓу Германија и Шпанија.

Откако во вторникот ја исфрли Австрија од ЕВРО 2024 со 2:1 во мечот од 16. коло, Туркије утре (сабота) во Берлин ќе се сретне со Холандија на Олимпија стадионот во 21 часот.

На прашањето дали ќе се сретне со турскиот претседател Ердоган викендов, канцеларот Шолц рече дека иако тие често комуницираат, средбата ќе биде тешко да се организира поради нивната густа агенда.

„Мило ми е што претседателот Ердоган е во посета на Германија, што присуствува на фудбалски натпревар. Во постојан контакт сум со турскиот претседател, често разговараме телефонски, се среќаваме на меѓународни настани“, рече Шолц.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.