Emrah Oktay
02 Август 2019•Ажурирај: 04 Август 2019
ЉУБЉАНА (АА) - Фудбалерите на Олимпија во Љубљана во второто преколо коло во Европската лига се елиминирани од турскиот тим Јени Малатијаспор, кој во двомечот беше подобар со вкупни 3:2, јавува Anadolu Agency (AA).
По ремито 2:2 во првиот меч во Турција, Олимпија во Љубљана беше поразена со минимални 0:1, со што Јени Малатијаспор избори пласман во третото претколо од натпреварувањето.
Стрелец за гостинската екипа беше Адис Јаховиќ во 77. минута.
Олимпија од 38. минута играше со еден играч помалку, Ендри Чекичи заработи втор жолт картон, односно црвен картон.