Doga Kirmizioglu
31 Јули 2019•Ажурирај: 02 Август 2019
ЛОНДОН (АА) - Одбранбениот играч на Манчестер Јунајтед, Ерик Баји, се повреди за време на подготвителниот натпревар против Тотенхем Хотспар, а според моменталните информации, надвор од терен ќе остане до крајот на годината, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Тренерот на „Црвените ѓаволи“, Оле Ѓунар Солскјер, потврди дека 25-годишниот Баји ја повредил ногата за време на средбата против Тотенхем, и дека веќе е опериран“, пишува на официјалниот профил на клубот од Манчестер на Твитер.
Закрепнувањето на репрезентативецот од Брегот на Слоновата Коска ќе трае четири до пет месеци.
„Веруваме дека Баји пред Нова година ќе започне со тренинзи и ќе ни се придружи“, изјави Солскјер.
Ерик Баји во 2016 година од Виљареал премина во редовите на Манчестер Јунајтед, со отштета од 38 милиони евра. Баји досега за Манчестер Јунајтед одигра 74, а за репрезентацијата 32 натпревари.