Bedrudin Brlyavac
01 Ноември 2016•Ажурирај: 02 Ноември 2016
МАДРИД (AA) - Натпреварот помеѓу Барселона и Реал Мадрид, кој според многумина навивачи се смета за најголем европски дерби, оваа година се игра во термин кој му одговара и на азискиот и на американскиот пазар, пренесува Anadolu Agency (AA).
Како што наведуваат шпанските медиуми, и покрај бројните критики на љубителите на фудбалот во таа земја, челниците на Ла Лига го потврдија раниот, според многумина, непопуларен термин за играње на „Ел Класико" .
Натпреварот помеѓу Барселона и Реал Мадрид ќе се игра во 16.15 часот, терминот, кој според пишувањата на одредени шпански медиуми е невообичаен, неатрактивен и преран за натпревар кој инаку се игра под рефлектори.
Хавиер Тебас, претседателот на Ла Лига, во вторник изјави дека разгледувале три термини за играње на овој натпревар.
„Разгледувавме три термини и на крајот се одлучивме за оној во 16.15 часот, бидејќи да игравме од 18 часот ќе беше предоцна за азиското, а од 13 часот прерано за американскиот пазар", рече Тебас.
Барселона и Реал Мадрид првиот дерби оваа сезона ќе го играат во рамките на 14 коло од првенството, во сабота на 3 декември.
По десет одиграни кола, Реал Мадрид е прв на табелата со 24 бода, а го следат Барселона со 22, Атлетико Мадрид со 21, а исто толку има и Севиља.