СКОПЈЕ (АА) – Балканската фудбалска школа се вбројува во редот на една од поуспешните, која се сметаше за своевиден "расадник" на млади фудбалски таленти кои прераснаа во играчи со маркантни кариери, особено оние со босанско и албанско потекло кои играат во турската национална лига. Токму во време кога речиси не е можно да се сретне некој турски фудбалер во дресот на некоја од националните лиги на земјите кои настанаа по распадот на СФРЈ, Енес Акгун, фудбалерот на скопскиот ФК Шкупи од скопската населба Чаир, претставува редок пример за едно од таквите ретките имиња.
Со потекло од Гиресун, роден и израснат во главниот град на Франција, Париз, Акгун во разговор за АА раскажува за авантурите од Македонија, својата кариера, предизвиците и понатамошните цели.
Вели дека со фудбалот започнал да се бави уште од раното детство, играјќи во аматерската и во втората лига на Франција. Подоцна, по препорака на свој близок пријател преминал во Првата фудбалска лига на Македонија, како играч на ФК Шкупи.
На почеток, неговото семејство се изненадило по добивањето на понудата за трансфер, незнаејќи ништо подетално за Македонија.

“Постоеше страв за моето прво заминување од Франција. Но, тие имаа доверба во мене и ми дозволија да заминам. Немаше никаков проблем,” раскажува фудбалерот Акгун.
Понатаму, открива дека по трансферот во ФК Шкупи бил многу возбуден, но вели и дека мошне брзо се вклопил и навикнал благодарение на поддршката од навивачите, останатите фудбалери , тренерот и од управата на тимот.
- “Без размислување би го избрал турскиот Национален тим” -
По постигнувањето на својот прв професионален успех, Акгун истакна дека после ФК Шкупи, своите цели и амбиции ги насочува кон Турција, или кон некоја од врвните Европски фудбалски лиги.
При тоа, потенцира дека доколку би бил во состојба да треба да избере помеѓу професионален ангажман во Франција , или пак Турција, без двоумење ја избира Турција и нејзиниот национален фудбалски тим.
“Без размислување ја избирам Турција. Секогаш сум се чувствувал како Турчин, тоа никогаш нема да се промени”, недвосмислено изјавува Акгун.
Поистоветувајќи се со стилот и со физичкиот изглед со португалската фудбалска ѕвезда, Кристијано Роналдо, Акгун изјави дека токму тој е неговиот идол играч, и вети дека ќе вложи многу труд за да го достигне неговиот успех.
Шпанската фудбалска лига и клубот Реал Мадрид ги издвојува како омилени, не криејќи го својот стремеж за понатамошен влез во нивните редови.
“Омилен тим ми е Реал Мадрид. И порано без Роналдо беше така, а и сега со Роналдо. Мојот прв најголем сон е игра во националниот тим, а потоа Реал Мадрид. Верувам во себеси, упорен човек сум. Еден ден ќе ја остварам својата цел”, уверливо раскажува Акгун, зборувајќи за своите планови за иднината во неговата фудбалска кариера.
Овој фудбалер, кој верува дека ќе се најде на врвот на светскиот фудбал, смета дека спремноста да се преземе ризик и да се даде максиумот од себе за да се успее во предвидените цели се клучните фактори за нивното остварување. Истите совети ги дели и со останатите млади луѓе.
“Треба да се ризикува, секогаш има потреба од превземање ризик. Не е можно да се биде фудбалер без ризикување. Јас така размислувам. Многу фудбалери станале светски играчи, превземајќи ризици. Без страв, ќе веруваш во себеси. Само ти самиот знаеш што можеш да постигнеш. Поради тоа, треба без страв да се превземаат акции. Притоа потребно е претходно размислување, и вложување голем труд и напор. Превземањето на ризик е битно од аспект на напредокот на кариерата.”
- Кој е Енес Акгун?
Енес Акгун, роден во 1995 година во Париз, Франција, ја започнува својата фудбалска кариера во францускиот аматерски тим, Ливри-Гарган.
Подоцна преминува во втората француска лига, како центарски играч за тимот УС Кретел-Луситанос, додека пак за време на фудбалската сезона 2015-2016 го остварува својот трансфер во првата македонска фудбалска лига, во редовите на ФК Шкупи.
Во својата игра од девет натпревари за ФК Шкупи досега, Акгун има постигнато еден гол. Неговиот договор потпишан со овој клуб завршува на крајот од сезоната 2016/2017.

- ФК “Шкупи” -
ФК Шкупи, кој се наоѓа во скопската населба Чаир во Скопје, за прв пат беше основан во 1927 година, под името Фудбалски клуб “Зафер” (Победа). Подоцна, беше преименуван во ФК “Слога”, а од 2013 наваму го носи името ФК “Шкупи”.
Освојувајќи 3 шампионски и 3 титули од куповите, сино- белиот тим е вториот најуспешен клуб. Овој клуб има свој стадион во населбата Чаир, кој има капацитет од 5.000 посетители.
Со моментално освоени 38 бодови, ФК Шкупи се наоѓа на 5-то место на табелата.