Hüseyin Burak Demirer
29 Јануари 2022•Ажурирај: 30 Јануари 2022
АНКАРА
Австралиската тенисерка Ешли Барти е победничка на Австралија опен 2022 за жени, известува Агенција Анадолија (АА).
Барти, најдобрата тенисерка на светот, ја оправда улогата на фаворит и во финалето на Австралија опен славеше против Даниел Роуз Колинс (30-та на ВТА) со резултат 2:0.
Австралиската тенисерка го доби првиот сет без поголеми проблеми со резултат 6:3, а во вториот сет по многу неизвесности, славеше со 7:6 [7:2 во тајбрејк], за голема победа во финалето.
Со оваа победа Австралија дојде до титула во женска поединечна конкуренција на домашен терен, првпат по 1978 година.
Барти со оваа победа дојде до својата трета грен слем титула во исто толку одиграни финалиња.
Австралиската тенисерка со победата во финалето освои парична награда во висина од 2.875.000 австралиски долари.