Yunus Kaymaz
30 Јануари 2022•Ажурирај: 31 Јануари 2022
СКОПЈЕ
Шпанскиот тениер Рафаел Надал е победник на Австралија опен откако во финалето го совлада Русинот Данил Медведев со 3:2, известува Агенција Анадолија (АА).
И покрај тоа што Медведев имаше предност од 0:2, Надал на крајот успеа да стигне до победа од 3:2 (по сетови 2-6, 6-7 [во тајбрејк 5-7], 6-4, 6-4, 7-5 ) и да ја освои титулата шампион на Австралија опен 2022 во машка конкуренција.