Ekipa
30 Декември 2018•Ажурирај: 31 Декември 2018
БАРСЕЛОНА (АА) - Инвестициската група „Космос“, сопственост на фудбалерот на Барселона Жерар Пике, го купи фудбалскиот клуб Андора во истоимената мала држава, кој игра во пониските шпански лиги, пренесува Anadolu Agency (AA).
Пике изјави дека инвестициската група „Космос“ гo презела клубот, откако неговите членови ја одобриле продажбата.
ФК Андора, основан во 1942 година, моментално игра во петтото ниво на шпанскиот фудбал против клубовите во Каталонија. Играше во третата дивизија во 1980-тите и 1990-тите години.
Купувањето на тимот е најновиот деловен потег на 31-годишниот Пике.
Инвестициската група на Пике, „Космос“, ја доби поддршката на Меѓународната тениска федерација за Дејвис купот, трансформирајќи го во сезонски финален турнир што се одржува на едно место, наспроти сегашниот формат кој се одржува во текот на неколку месеци во различни земји.