спорт

Жерард: „Салах во моментов е најдобар фудбалер на планетава“

„Тешко е Мохамед Салах да се споредува со Лионел Меси и Кристијано Роналдо, бидејќи тие се одлични со години“, рече Жерард

Bakir Tiro  | 25.04.2018 - Обновена : 25.04.2018
Жерард: „Салах во моментов е најдобар фудбалер на планетава“

London

ЛОНДОН (АА) - Мохамед Салах брилираше на синоќешната прва средба од полуфиналето на Лигата на шампиони во која Ливерпул ја совлада Рома со резултат 5 : 2, и се најде во центарот на вниманието на светската фудбалска јавност, јавува Anadolu Agency (AA).

Салах постигна два погодоци и на двапати асистираше, со што е најзаслужен што „црвените“ се пред пласман во финалето на најсилното фудбалско клупско натпреварувње на Европа.

„Тешко е Мохамед Салах да се споредува со Лионел Меси и Кристијано Роналдо, бидејќи тие двајцата се одлични со години. Сепак, тој е во одлична форма и без сомнение, во моментов е најдобриот фудбалер на планетата“, рече Стивен Жерард, поранешен капитен на Ливерпул.

Салах во 47 натпревари за Ливерпул постигна 43 натпревари и имаше 15 асистенции, што е најдобар резултат на еден играч на Ливерпул досега. Оваа сезона во Лигата на шампиони, тој на 10 пати ја затресе мрежата на противниците.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.