Alma Çekovic
23 Април 2018•Ажурирај: 24 Април 2018
МАНЧЕСТЕР (АА) - Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Пол Погба (25), изјави дека во моментот е фокусиран само на својот клуб, и покрај шпекулациите дека ќе го напушти Олд Трафорд на крајот од сезоната, пренесува Anadolu Agency (AA).
Запрашан да ги прокоментира гласините за можното заминување од Јунајтед налето, Французинот изјави дека размислува само за сегашноста.
„Сега сум во Манчестер Јунајтед и размислувам само за сегашноста. Не размислувам за трансфери, ќе играме во финалето на ФА купот, а веднаш потоа е и Светското првенство“, рече Погба, гостувајќи на француската телевизија Canal+ (Канал+).
За можен премин во Париз Сен Жермен, Погба изјави: „Знаете, кога би слушал секој, би бил секаде“.
Играчот од средниот ред, зборуваше и за односот со менаџерот Жозе Мурињо, истакнувајќи дека меѓу нив сè е во ред.
„Немам проблем со него и не верувам дека тој има проблем со мене. Тој е тренер и мора да донесува одлуки. Јас сум играч и ги прифаќам. Одговарам на теренот“, изјави Погба.