Berad Büyük
30 Мај 2019•Ажурирај: 31 Мај 2019
ИСТАНБУЛ
Вечерва во 3:00 часот по полноќ започнува финалната серија за шампионската титула на НБА меѓу екипите на Торонто Репторс, шампионот на Источната конференција и Голден Стејт Вориорс, шампионот на Западната конференција, јавува Anadolu Agency (AA).
Торонто Репторс, кој за првпат е во финале на американската национална кошаркарска лига НБА, во финалето ќе игра против тимот на Голден Стејт Вориорс, кој во последните четири сезони на трипати ја освои шампионската титула на 72. финална серија на НБА, која за првпат се играше во 1947 година.
Финалната серија се игра во четири победи, според шемата 2-2-1-1-1, а поради подобриот просек на победи и порази во редовниот тек на натпреварите од НБА, Торонто Репторс ја има предноста првите два натпревари да ги одигра на домашен терен.
Наспроти екипата на Репторс, на која ова ѝ е прво финале, тимот на Голден Стејт Вориорс на шестпати ја освои шампионската титула на НБА (1947, 1956, 1975, 2015, 2017, 2018).