Doga Kirmizioglu
06 Јуни 2019•Ажурирај: 07 Јуни 2019
АНКАРА (АА) - Тимот на Торонто Репторс, на гостински терен, на натпреварот со Голден Стејт Вориорс извојува победа од 109:123 и поведе со 1:2 во финалната серија на Американската кошаркарска лига НБА, пренесува Anadolu Agency (AA).
Доцна синоќа се одигра третиот натпревар од финалната серија за шампион на НБА. Тимот на Репторс му гостуваше на Вориорс кој во последните четири сезони освои три шампионски титули. Екипата на Репторс имаше предност во текот на целиот натпревар и успеа да го совлада домаќинот со 109:123, поведувајќи со 1:2 во финалната серија.
Кавај Леонард од редовите на Репторс постигна 30 поени, 7 скока, 6 асистенции, Кајл Лаури постигна 23 поени, 9 асистенции, 4 скока, Паскал Сајакем - 18 поени, 9 скока, 6 асистенции, Дени Грин - 18 поени, 5 скока и Марк Гасол - 17 поени, 7 скока, 4 асистенции, давајќи голем придонес во победата на гостинскиот терен.
Вориорс на овој натпревар настапи без повредените Кевин Дурант, Клеј Томсон и Кевон Луни. Најпрецизни кај домаќините беа Стефен Кари со 47 поени, 8 скока, 7 асистенции, Дрејмон Грин со 17 поени, 7 скока, 4 асистенции, но тоа не беше доволно за да се избегне поразот од Репторс.
Шампион на НБА ќе стане екипата која прва ќе постигне четири победи. Четвртиот натпревар од финалната серија повторно се игра на теренот на Вориорс, на 8 јуни, со почеток во 3:00 часот.