Dejan Maksimoviç
13 Јули 2018•Ажурирај: 14 Јули 2018
МОСКВА (AA) – Џани Инфантино, претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), денеска во Москва изјави дека Светското првенство во Русија е најдоброто во историјата на ова натпреварување, кое датира од 1930 година, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Рековме дека сакаме ова да биде најдоброто Светско првенство од кога и да било досега, и го добивме тоа. Затоа треба да кажам: ’благодарам на Русија, руската Влада, Организацискиот одбор и на Фудбалскиот сојуз на Русија, како и на волонтерите кои се насмевка и срце се на ова Првенство.‘ Сите многу напорно работеа за овој настан да постигне голем успех“, нагласи Инфантино.
Според него, Мундијалот ја промени Русија, која стана вистинска фудбалска земја.
„Фудбалот сега е дел од руското ДНК. Исто така, Светското првенство ја смени перцепцијата на светот за Русија. Околу милион луѓе ја посетија оваа земја и сите почувствуваа чудесно добредојде“, рече Инфантино, и додаде:
„Секако, благодарност упатувам и кон 32 репрезентации учесници, кои го создадоа ова натпреварување. Тоа беа играчите кои говореа на теренот. Сега ќе имаме посебно финале помеѓу Хрватска и Франција, две репрезентации кои одиграа посебно важно полуфинале во 1998 година. Посебни честитки за нив.“
Финалето на Светското првенство помеѓу Хрватска и Франција ќе се игра на 15 јули на московскиот стадион „Лужинки“, со почеток во 17:00 часот. Натпреварот за третото место во кој ќе играат Белгија и Англија, на програмата е ден порано, од 16:00 часот во Санкт Петерсбург.