Elvir Hocic
02 Јули 2017•Ажурирај: 02 Јули 2017
САНКТ ПЕТЕРБУРГ (АА) - Со финалните натпревари и со доделувањето на медали денес во Русија завршува Купот на конфедерации, а претседателот на Светската куќа на фудбалот (FIFA), Џани Инфантино, ѝ честиташе на Русија за успешната организација на ова натпреварување, јавува Anadolu Agency (AA).
Финалето и церемонијата на затворање на Купот на конфедерациите се закажани за вечерва во 20 часот на стадионот во Санкт Петербург, а за победник на турнирот ќе се борат екипите на Германија и Чиле.
Првиот човек на ФИФА, Инфантино, изјави дека Купот на конфедерации бил многу успешен од сите аспекти, а станува збор за турнир којшто ФИФА го организира во годината пред Светското првенство со цел да ја провери подготвеноста на домачинот за Мундијалот.
Посебено пофалувајќи ја работата на Рускиот фудбалски сојуз и на волонтерите, Инфантино истакна дека на натпреварите од Купот досега е забележана просечна посета од 38.000 посетители.
Купот на конфедерации во Русија послужи и за тестирање на судискиот видео асистент (VAR), а Инфантино користењето на овој вид на технологија на натпреварите го пофали и го нарече иднината на фудбалот.
И поранешниот италијански судија, Пјерлуиџи Колина, кој денес е претседател на Судискиот комитет на ФИФА, позитивно одговори во врска со ВАР.