Murat Keleş
04 Октомври 2016•Ажурирај: 05 Октомври 2016
ИСТАНБУЛ (АА) – Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино рече дека на Светското првенство во 2026 година, бројот на екипи што ќе учествуваат, од 32 може да се зголеми на 48, јавува Anadolu Agency (AA).
Инфантино во својата изјава во Колумбија рече дека учеството на повеќе држави на турнејата ќе ја зголеми и радоста во светот и нагласи дека од финансиски аспект, двојно ќе се зголемат приходите.
Минатиот месец Инфантино изјави дека предлогот за организирање на Светскиот куп од страна на САД, Канада и Мексико во 2026, како и бројот на екипи што ќе учествуваат, ќе се стави на разгледување на состанокот на ФИФА што ќе се одржи на 13 – 14 октомври во Цирих.
За време на кандидирањето за претседател на ФИФА, 46-годишниот спортист, кој претходно беше на функција генерален секретар на УЕФА рече дека ќе се залага за тоа да се зголеми бројот на екипи што учествуваат на Светскиот куп, како и купот да се одржува во повеќе од една држава.