Yunus Kaymaz
16 Јуни 2023•Ажурирај: 17 Јуни 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Светското првенство во Формула 1 ќе продолжи со деветтата трка во сезоната што ќе се одржи во Канада, јавува Анадолу.
За Големата награда на Канада на патеката „Жил Вилнев“, која е долга 4.361 метар и се наоѓа во градот Монтреал, возачите ќе треба да возат 70 круга.
Во сабота, со почеток во 22:00 часот, ќе се одржи трката за пол-позиција, а трката за Големата награда на Канада е закажана за 18 јуни, недела, со почеток во 20:00 часот.
Шестата трка, која требаше да се одржи во Емилија-Ромања, беше одложена поради поплавите во Италија.
Пред трката за Големата награда на Канада, пласманот на возачите и тимовите е следниов:
- Пласман на возачите:
1. Макс Верстапен (Холандија): 170 поени
2. Серџо Перез (Мексико): 117 поени
3. Фернандо Алонсо (Шпанија): 99 поени
4. Луис Хамилтон (Велика Британија): 87 поени
5. Џорџ Расел (Велика Британија): 65 поени
- Пласман на тимовите:
1. Ред Бул: 287 поени
2. Мерцедес: 152 поени
3. Астон Мартин: 134 поени
4. Ферари: 100 поени
5. Алпин: 40 поени