Elvır Hodzıc
22 Ноември 2023•Ажурирај: 24 Ноември 2023
АНКАРА (АА) - Синоќа се одиграа натпреварите од последното коло на квалификациите за ЕВРО 2024 во фудбал во групите Б, Д и И, со што воедно е завршен и овој квалификациски циклус за избор на најквалитетните европски репрезентации, јавува Анадолу.
Во групата Б Холандија на гостувањето против Гибралтар го декласираше домаќинот со 0:6. Во оваа група Грција на домашен терен одигра без победник 2:2 против Франција.
Од оваа група директен пласман на ЕВРО 2024 од претходно обезбедија репрезентациите на Франција и Холандија.
Во групата Д Туркије одигра нерешено 1:1 на гостувањето во Велс, зачувувајќи ја лидерската позиција. Во вториот натпревар од оваа група Хрватска на домашен терен ја совлада Ерменија со 1:0. Туркије претходно имаше обезбедено пласман на ЕВРО 2024, а Хрватска го постигна тоа со оваа победа.
Во групата И селекцијата на Косово ги заврши квалификациите со пораз на домашен терен од Белорусија со резултат 0:1. Во вториот натпревар Израел со 2:0 ја совлада Андора, а во дербито на колото Романија како домаќин ја совлада Швајцарија со минимални 1:0.
Романија и Швајцарија од претходно ги обезбедија првите две места во групата и пласман на ЕВРО 2024.