Admir Fazlagic
20 Ноември 2019•Ажурирај: 20 Ноември 2019
СКОПЈЕ (АА) - Македонската фудбалска репрезентација ја победи репрезентацијата на Израел со резултат 1:0 на последниот квалификациски натпревар за ЕУРО 2020 одигран вечерва на Национална арена „Тодор Проески“ во Скопје, јавува Агенција Анадолија (АА).
Со вечерашниот одигран натпревар, избраниците на селелекторот Игор Ангеловски завршија на третото место што е најдобар пласман за репрезентацијата до сега во едни квалификации.
Од самиот почеток на натпреварот македонските репрезентативци имаа шанси, најрпвин Енис Барди во првата минута. Потоа во 32. минута повторно Барди, овој пат шутираше од слободен удар при што ја погоди пречкта.
На самиот крај од првото полуреме, во 45. минута, Бобан Николов по одбиена топка постигна погодок за водство од 1-0, а ова беше и конечниот резултат од вечерашниот натпревар.
Во второто полувреме играта беше посмирена и со помалку шанси за погодок на двете страни.
На самиот почеток од вториот дел од натпреварот Влатко Стојановски се обиде, но шутираше непрецизно, а потоа шанса имаше и Бобан Николов, но не успеа да постигне втор погодок на овој натпревар.
Во преостанатиот дел од натпреварот, Израел се обидуваше да дојде до израмнување, но избраниците на селекторот Ангеловски успешно ја сочуваа предноста од првото полувреме.
Репрезетацијата на Северна Македонија квалификациите за Европското првенство наредната година ги заврши со четири победи, четири порази и два нерешени натпревари, со 14 освоени бодови.