Bedrudin Brlyavac
19 Ноември 2019•Ажурирај: 22 Ноември 2019
МАДРИД (АА) - Антоан Гризман е незадоволен во Барселона и веќе размислува за премин во ПСЖ, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Како што тврди шпанската телевизија „Ел Чирингито“ (El Chiringuito), Французинот сѐ уште не се навикнал во Барса поради што веќе размислува за заминување.
Гризман ова лето беше најголемо зајакнување на Барселона откако од Атлетико Мадрид дојде за 120 милиони евра. Досега во дресот на Каталонците во 15 натпревари постигна 4 гола и запиша 3 асистенции.
Сепак, „Ел Чирингито“ наведува дека 28-годишниот Гризман е многу незадоволен во Барса и дека веќе размислува за трансфер во ПСЖ, кој сакаше да го донесе ова лето.
Во досегашната кариера играше за Реал Сосиедад, Атлетико Мадрид и Барселона.