Admir Fazlagic
13 Ноември 2016•Ажурирај: 13 Ноември 2016
СКОПЈЕ (АА) - Репрезентацијата на Шпанија со убедливи 4-0 ја совлада репрезентацијата на Македонија од квалификацискиот натпревар за пласман на СП 2018 кој се одигра на стадионот „Нуево Лос Карменес“ во Гранада, јавува Anadolu Agency (AA).
Шпанците поведо во 34. Минута од натпреврот со автогол на Дарко Велковски. Во второ полувреме шпанците го зголемија водството во 63. минута со голот на Вотоло, а потоа во последните минути од натпреварот постигнаа уште два гола за убедливи 4:0.
Во 83. минута Начо Монреал зголеми за 3:0, а во 85. минута со голот на Ариц Адурис беа поставени конечните 4:0 со што домашната репрезентација издвои убедлива победа против репрезентацијата на Македонија.