Doğa Kırmızıoğlu
23 Март 2021•Ажурирај: 24 Март 2021
АНКАРА
Првите 3 кола од европските квалификации за Светското првенство во фудбал Катар 2022 ќе се одиграат едно по друго, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Натпреварите од првото коло ќе се играат утре и во четврток, на 25 март, второто коло на 27 и 28 март, додека третото коло на 30 март и 31 март.
На првиот ден од квалификациите ќе се одиграат 12 натпревари во групите А, Д, Е, Г и Х.
- Прв противник на Турција ќе биде Холандија
Фудбалската репрезентација на Турција, што се наоѓа во групата Г заедно со Холандија, Норвешка, Црна Гора, Летонија и Гибралтар, ќе го одигра првиот натпревар утре.
Репрезентацијата на Турција утре ќе биде домаќин на Холандија, а натпреварот ќе се одигра на Олимпискиот стадион „Ататурк“ во Истанбул.
Од 55 национални репрезентации што ќе се натпреваруваат на европските квалификации, 13-те екипи што ќе ги поминат квалификациите ќе добијат виза за Светското првенство.
Десетте екипи што ќе завршат први во својата група во квалификациите ќе добијат директна виза за Светското првенство. Десетте второпласирани во групите ќе играат во натпреварите од плејоф-рундата, каде ќе се приклучат и двете најдобро пласирани екипи во УЕФА-лигата.