Dzihat Aliju
24 Јули 2021•Ажурирај: 25 Јули 2021
ПРИШТИНА (АА) - Косово го освои првиот медал на Олимписките игри Токио 2020, откако џудистката Дистриа Красниќи, во финалето ја совлада Јапонката Фуна Тонаки, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во објавата на Олимпискиот комитет на Косово (КОК) на социјалните мрежи се вели: „Дистриа Красниќи освои злато за себе и за нашата земја, правејќи нè горди.“
Ова е прв медал на Косово на Олимписките игри 2020 во Токио, а втор олимписки медал, по златото на џудистката Мајлинда Келменди на Олимписките игри во Рио 2016 година.
Олимпискиот комитет на Косово претходно соопшти дека Косово на Олимписките игри Токио 2020 ќе учествува со 11 спортисти.
Меѓу нив е и Мајлинда Келменди, која ќе се натпреварува во категоријата до 52 килограми.