Bojana Stojanovic
24 Јули 2021•Ажурирај: 25 Јули 2021
БЕЛГРАД (АА) - Првиот олимписки медал за Србија го освои Дамир Микец, репрезентативец во стрелаштво, кој освои сребро во дисциплината 10 метри воздушен пиштол, јавува Агенција Анадолија (АА).
Микец со резултат од 237,9 круга го освои првиот олимписки медал во својата кариера.
Златниот медал го освои Иранецот Џавад Форуги (244,8), а бронзениот Кинезот Веи Пенг (217,6).
Во квалификациите за истата категорија на Олимпијадата настап имаше и македонскиот олимпиец Борјан Бранковски, кој заврши на 21. место.