Basir Gülüm
08 Јануари 2021•Ажурирај: 09 Јануари 2021
КОЊА (АА) - Клубот од турската Прва фудбалска лига „Итифак холдинг Коњаспор“ го трансферира косовскиот фудбалер Зимер Битиќи кој го носеше дресот на норвешкиот фудбалски клуб „Викинг“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на клубот, со 24-годишниот фудбалер е потпишан 2.5-годишен договор.
Церемонијата за потпишување на договорот се одржа во стадионот на овој клуб.
Битиќи за време на церемонијата истакна дека е среќен што се наоѓа тука, и дека дошол во еден голем клуб.
„Постои голема поддршка од навивачите. Дури од сега се заинтересирани. Ќе направам сè што можам и сакам да давам придонес во клубот“, рече Битиќи.
„Ќе победиме колку што може, и ќе бидеме на позиција која ја заслужуваме во Лигата“, додаде тој.
Битиќи во Коњаспор ќе го носи дресот со број 14.