Abdula Berisha
24 Септември 2020•Ажурирај: 25 Септември 2020
СКОПЈЕ
Екипата на тетовскиот фудбалски клуб Шкендија претрпе пораз од англискиот клуб Тотенхем со резултат 1-3 на натпреварот одигран во рамките на третото квалификациско коло од Лигата на Европа на УЕФА, јавува Агенција Анадолија (АА).
Натпреварот, кој се одигра во Скопје на стадионот „Тодор Проески“, го судеше турскиот судија Али Палабијик, а му помагаа Серкан Олгунџан и Мехмет Ceм Сатман. Четвртиот судија беше Арда Кардешлер.
Првото полувреме на натпреварот заврши со резултат 0-1 во корист на гостите од Англија, со голот кој го постигна аргентинецот Ерик Ламела во 5. минута.
На почетокот на второто полувреме домаќините во 55-тата минута го израмнија резултатот на 1-1 со голот на Валмир Нафиу, зголемувајќи ги надежите за позитивен резултат.
Сепак, напаѓачите на Тотенхем, Хеунг-Мин Сон и Хари Кејн, му донесоа победа на својот клуб со постигнатите голови во 70 и во 79 минута.
Со ова, екипата на Шкендија е елиминирана од натреварувањето, додека во следното коло продолжи Тотенхем.