Mutlu Demirtaştan
30 Јули 2017•Ажурирај: 30 Јули 2017
ЊУЈОРК (АА) - Фудбалерите на Манчестер Сити (Manchester City) со резултат од 3:0 ја декласираа екипата на Тотенхем на натпреварот на Меѓународниот куп на шампиони, кој петти пат се одржа во САД, јавува Anadolu Agency (AA).
Меѓународниот куп на шампиони е турнир што се игра пред почетокот на новата фудбалска сезона во Европа, а најсилните европски тимови натпреварувањето го користат како подготовка.
Турнирот се игра во три одделни фази и тоа на стадионите во САД, Кина и во Сингапур.
Во интересните натпревари на англиските ривали, Манчестер Сити синоќа го победи лондонскиот тим Тотенхем.
Со голот на Џон Стонс веќе во 10. минута од натпреварот „граѓаните“ дојдоа до водство, а предноста ја зголемија Рахем Стерлин и Брахим Дијаз во 72. и 90. минута од натпреварот.
За квалитетот на турнирот најдобро говорат имињата на клубовите кои учествуваат, а оваа година тоа беа Арсенал, Челзи, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Тотенхем, Барселона, Реал Мадрид, Баерн Минхен, Борусија Дортмунд, Јувентус, Милан, Интер, Рома, Париз Сен Жермен и Олимпик Лион.