Bakir Tiro
15 Февруари 2024•Ажурирај: 16 Февруари 2024
АНКАРА (АА) - Синоќа, во рамките на осминафиналето на УЕФА Лигата на шампиони, фудбалерите на ПСЖ на „Паркот на принцевите“ во Париз го совладаа Реал Сосиедад, додека фаворизираниот Баерн Минхен загуби на гостинскиот терен на Лацио со 1:0, јавува Анадолу.
Голот на одлука на „Олимпико“ го постиган Чиро Имобиле со удар од белата точка во 69. минута. Две минути подоцна црвен картон поради остар старт доби Дајо Упамекано, па Баерн со играч помалку до крајот на натпреварот не успеа да се избори за реми на гостинскиот терен во Рим.
ПСЖ успеа да го скрши силниот отпор на гостите од Шпанија во второто полувреме. Парижаните поведоа со голот на „суперѕвездата“ Килијан Мбапе во 58. минута. Триумфот на домаќините го потврди Бредли Баркола со гол во 71. минута.
Во вторникот Манчестер Сити со 1:3 го совлада Копенхаген, а Реал Мадрид со минимални 0:1 славеше на гостувањето во Германија над тимот на РБ Лајпциг.
Идната недела на 20.02.2024 (вторник) се среќаваат:
21:00 Интер - Атлетико Мадрид
21:00 ПСВ - Борусија Дортмунд
На 21.02.2024 (среда) закажани се средбите:
21:00 Порто - Арсенал
21:00 Наполи - Барселона.