Agon Fehmiu,Dzihat Aliju
02 Мај 2016•Ажурирај: 03 Мај 2016
ПРИШТИНА (АА) - Во пресрет на разгледување на барањето за членство на Косово во Европската фудбалска организација (УЕФА) претседателот на Фудбалската федерација на Косово, Фадил Вокри, за Anadolu Agency (АА) рече дека членството на Косово во европските и светски фудбалски организаци претставува "нова страница во косовскиот фудбал".
УЕФА на утрешниот конгрес во Будимпешта треба да го разгледа барањето на косовскиот сојуз за полноправно членство во таа организација. Во случај Косово да биде примено во УЕФА, на следниот партиски конгрес на Светската фудбалска куќа (ФИФА), на 13-ти мај во Мексико Сити ќе се разгледа и барањето за членство на Косово во светската организација.
Во изјавата за АА, челникот на косовскиот сојуз Вокри потврди дека разгледувањето на барањето за членство на Косово ќе биде главна точка на дневниот ред на утрешниот конгрес на УЕФА, и дека, во случај на позитивен исход за Косово, истата точка на дневниот ред ќе биде на претстојниот конгрес на ФИФА.
"Влезот на Косово во УЕФА и ФИФА ќе значи отворање на нова страница. Тогаш ќе започнат вистинските обврски на луѓето кои работат за развојот на фудбалот во оваа земја. Ако претстојните два конгреси завршат со позитивен исход, ние ќе се фокусираме на развој на фудбалската инфраструктура, особено кога станува збор за помлади селекции", изјави Вокри.
ФИФА во јануари 2014 година му дозволи на Косово да игра пријателски натпревари, но со неколку ограничувања. Раководството на ФИФА претходно изјави дека барањето за прием на Косово во полноправно членство ќе се земат в предвид само доколку Косово стане член на УЕФА.
УЕФА моментално има 54 земји членки.