Doğa Kırmızıoğlu
01 Август 2020•Ажурирај: 03 Август 2020
ПАРИЗ
Францускиот фудбалски клуб Лил го доведе искусниот турски напаѓач Бурак Јилмаз од екипата на Бешикташ, јавува Агенција Анадолија (АА).
Лил официјално потврди дека со 35 годишниот турски напаѓач потпишале двегодишен договор.
„Лил со гордост го претставува Бурак Јилмаз. Искусниот турски фудбалски ас потпиша двегодишен договор со нашиот клуб", се наведува во клупското соопштение.
Првиот човек на Лил, Марк Ингла, му посака добредојде на Јилмаз, додавајќи дека се работи за одличен напаѓач.
„Посебно е опасен во казнениот простор. Многу е искусен играч. Вистинска фудбалска легенда. Бурак играше за четири големи клуба во Турција. Има одличен карактер и е вистински борец. Донесовме вистински играч за да го зајакнеме тимот. Сигурен сум дека со своето искуство и карактер ќе биде пример за целиот тим", рече Ингла.
Во богатата кариера Јилмаз, помеѓу останатото, играше за Фенербахче, Трабзонспор, Галатасарај, Бејинг Гуан и Бешикташ.
Во дресот на репрезентацијата на Турција запиша 59 настапи и постигна 24 погодоци.