Dejan Maksimovic
24 Јуни 2022•Ажурирај: 27 Јуни 2022
МАДРИД (АА) - Според наводите на италијанските медиуми, српскиот фудбалер Лука Јовиќ е блиску до преминување од Реал Мадрид во Фиорентина на позајмица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Наводно, Јовиќ имал десетина примамливи понуди, но по наговор на соиграчот од српската репрезентација, Никола Миленковиќ, кој го носи дресот на Фиорентина, се одлучил за италијанскиот прволигаш.
Според медиумите, Јовиќ го известил Реал Мадрид за својата одлука, со тоа што шпанскиот и европски шампион е отворен за договор за позајмица без обврски за купување на 24-годишниот напаѓач.
Јовиќ професионалната кариера ја почна во Црвена ѕвезда, а потоа играше за Бенфика, Ајнтрахт Франкфурт од кој во 2019 година преминал во Реал Мадрид. Но во „кралскиот клуб“ не играше долго, а една полусезона веќе ја помина на позајмица токму во Ајнтрахт.
За репрезентацијата на Србија младиот напаѓач досега има одиграно 26 натпревари и постигнато 9 гола.