Doğa Kırmızıoğlu
28 Мај 2021•Ажурирај: 29 Мај 2021
АНКАРА
Утре се игра финалето на УЕФА Лигата на шампиони меѓу екипите на Манчестер Сити и Челси, претставниците на Англија, известува Агенција Анадолија (АА).
Екипата на Манчестер Сити нема претрпено пораз во ЛШ оваа сезона.
Манчестер Сити кој е освојувач на фудбалскиот Шампионат во англиската Премиер лига оваа година, почетокот на сезоната во ЛШ го започна многу турбулентно.
Учеството на англискиот тим во Лигата на шампионите беше загрозено кога УЕФА на Манчестер Сити му додели парична казна од 30 милиони евра и забрана за учество во натпреварувањата на европските купови во сезоните 2020/21 и 2021/22, со образложение дека клубот ги прекршил финансиските правила на организацијата во периодот 2012 - 2016 година.
- Се приклучи на Лигата на шампионите благодарение на Спортскиот арбитражен суд
Манчестер Сити против оваа одлука поднесе жалба, а Спортскиот арбитражен суд (САС) ја укина двегодишната забрана и ја намали казната на 10 милиони евра во јули минатата година. На тој начин претставникот на Англија доби право да се натпреварува во Лигата на шампионите.
- Нема загубено натпревар
Под раководство на шпанскиот тренер Пеп Гвардиола, Манчестер Сити победи на 11 од вкупно 12 натпревари почнувајќи од групната фаза досега, а ремизира само на еден натпревар. Сити одигра без голови, 0:0 против Порто, во натпревар од групната фаза во ЛШ. Екипата на Манчестер во досегашните натпревари постигна 25 погодоци, а прими 4.
Екипата на Манчестер Сити, која се наоѓа на третото место на сегашната ранг-листа на УЕФА, во групната фаза се натпреваруваше во групата Ц заедно со португалскиот претставник Порто, грчкиот Олимпијакос и францускиот Олимпик Марсеј.
Во групната фаза Манчестер Сити само против Порто одигра нерешено, 0:0 и го освои првото место во групата со 16 бода.
Во осминафиналето Манчестер Сити двапати со 2:0 ја совлада Борусија Менхенгладбах.
И во четвртфиналето Сити играше против германски претставник, екипата на Борусија Дортмунд. Манчестер Сити и на двата натпревари успеа да го совлада Дортмунд со резултат 2:1 и се пласира во полуфиналето на Лигата на шампиони.
- Прво финале на ЛШ во својата историја
Во полуфиналето Манчестер Сити се сретна со францускиот претставник Париз Сен Жермен (ПСЖ).
На стадионот „Паркот на принцовите“ во Париз Сити извојува победа од 1:2, а на домашен терен со резултат 2:0 го совлада ПСЖ и за првпат во својата историја се пласира во финалето на УЕФА Лигата на шампиони.
Во сезоната 1969/70 Манчестер Сити беше победник на тогашниот Куп на победници на купови, и доколку утре го совлада Челси, тоа ќе биде втор европски трофеј во историјата на клубот по цели 51 година.
Финалето на ЛШ ќе се игра на Стадионот „Драгао“ во португалскиот град Порто, а почетокот на средбата е закажан за 21:00 часот.