Bedrudin Brlyavac
12 Мај 2017•Ажурирај: 12 Мај 2017
САРАЕВО (АА) - Манчестер Јунајтед и Ајакс од Амстердам ќе се сретнат на овогодишното финале на Лигата на Европа, кое се игра во Солна, во близина на Стокхолм, јавува Anadolu Agency (АA).
Манчестер Јунајтед, по победата од 1:0 на гости, во реваншот на полуфиналето од Лигата на Европа, на домашниот „Олд Трафорд“ одигра 1:1 против Селта Виго, и така се избори за пласман во финалето.
Погодок за домаќинот постигна Маруан Фелаини, во 17. минута, со асистенција на Маркус Рашфорд.
Селта изедначи со голот на Факундо Ронкалија во 85. минута, со асистенција на Тео Бонгонда.
Поради неспортско однесување, во 89. минута, Ерик Бертранд Баји во екипата на Манчестер Јунајтед и Факундо Ронкалија од Селта Вига заработија црвени картони.
Лион, кој во првиот натпревар на Арената „Амстердам“ во Амстердам беше декласиран со 4:1, вечерва на „Парк Олимпик Лион“ во Десен Шарпје ја совлада екипата на Ајакс со 3:1.
Гостите беа во водство со голот на Каспер Долберг во 27. минута, по асистенцијата на Амин Џонс.
Лион успеа да се врати во игра во 45. минута, со голот на Александар Лаказет од единаесетникот, а истиот играч само минута подоцна постигна нов погодок за 2:1.
Домаќинот и во второто полувреме започна силно, така што по голем број шанси беше во водство со 3:1, со голот на Рашид Гезал во 81. минута.
До крајот на натпреварот немаше голови, така што Ајакс успеа да се избори за пласман во финалето.
Да напоменеме дека Ник Виргевер од екипата на Ајакс, во 84. минута го заработи вториот жолт картон, автоматски црвен картон
Оваа сезона, финалето од Лигата на Европа ќе се одигра на 24 мај во Солна, во близина на Стокхолм.