Doga Kirmizioglu
01 Јануари 2019•Ажурирај: 02 Јануари 2019
АНКАРА (АА) - Енди Мареј, поранешниот рекет број 1 на светската АТП листа, подолг период беше оддалечен од тениските терени поради повреда. Своето враќање на тенискиот терен Мареј го направи со победа во првото коло на турнирот во Бризбејн, Австралија, јавува Anadolu Agency (AA).
Во првото коло од тенискиот турнир кој се одржува во Австралија, Мареј (31) се сретна со Австралијанецот Џејмс Дакворт, кого го совлада со 2:0 во сетови (6:3, 6:4) и се пласираше во второто коло.
Поради повредата на колкот која ја имаше подолг период, Мареј минатата година учествуваше само на 12 меча, што беше причина да падне на 240. место на светската АТП листа. По натпреварот тој изјави „Малку бев напнат, но сѐ се одвиваше како што треба. По подолг период одиграв еден натпревар. Не е лесно брзо враќање на терените, но ќе дадам сѐ што е во моја моќ.“
Мареј, кој во својата кариера има освоено 3 гренд-слем турнири, поради повредата добиена на Вимблдон 2017, подолго време отсуствуваше од тениските терени. Британскиот тенисер, иако минатата година учествуваше на САД Опен, поради обновувањето на повредата, повторно беше принуден да се оддалечи од тениските терени.