Emrah Oktay
01 Октомври 2018•Ажурирај: 02 Октомври 2018
ИСТАНБУЛ (АА) – Дуелот меѓу Бешикташ и Малме од второто коло на Групата И во фудбалската Лига Европа, ќе се игра на 4 октомври на стадионот во Малме, Шведска, а натпреварот ќе го суди Александар Ставрев, член на Македонската фудбалска федерација, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на УЕФА, натпреварот на новиот стадион во Малме ќе започне во 21:00 часот, а помошници на Ставрев ќе му бидат Марјан Кировски и Дејан Костадинов.
Четврти судија на натпреварот ќе биде Никола Караколов, додека дополнителни помошни судии ќе бидат Димитар Мечкаровски и Дејан Јакимовски.