Can Erözden
08 Јуни 2022•Ажурирај: 09 Јуни 2022
АНКАРА (АА) - Хрватскиот фудбалер кој игра во Реал Мадрид, Лука Модриќ, ќе остане во шпанскиот фудбалски клуб уште една година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Фудбалскиот клуб Реал Мадрид и Лука Модриќ постигнаа договор за продолжување на договорот на фудбалерот до 30 јуни 2023 година“, соопшти денес клубот.
Фудбалерот на Реал Мадрид од 2012 година, Модриќ (36), има постигнато 31 гол на 436 настапи за шпанскиот тим. Тој, исто така, реализира 73 асистенции.
Пред Реал Мадрид, Модриќ играше за англискиот Тотенхем Хотспур.
Капитенот на Хрватска му помогна на Реал Мадрид да освои пет титули во УЕФА Лигата на шампиони, четири светски клупски првенства на ФИФА, три титули во шпанската Ла Лига и три суперкупа на УЕФА.
Тој, исто така, го освои Купот на Шпанија и четири шпански суперкупа со Реал Мадрид.
Модриќ освои сребрен медал на Светското првенство на ФИФА, кога хрватската репрезентација изгуби од Франција со 4:2 во финалето во 2018 година на Стадионот „Лужники“ во Москва.