Bedrudin Brlyavac
11 Јуни 2016•Ажурирај: 11 Јуни 2016
ПАРИЗ (AA) - Во првиот натпревар од 15.Европско првенство во фудбал Франција ја победи Романија, јавува Anadolu Agency (AA).
Домашната селекција вечерва на Stade de France во Париз ја совлада Романија со резултат 2:1. Напаѓачот на Арсенал и Франција Оливер Жиру прв се запиша во стрелците на 15. Европско првенство со погодокот во 58 минута.
Романија во 66. минута од натпреварот изедначи со голот на Богдан Станку кој погоди од пенал.
Победоносниот погодок за Франција го постигна Димитри Пајет во 89 минута.
Другата средба од групата А на програма во сабота од 15 часот, кога ќе се состанат Швајцарија и Албанија. На програмата утре се уште и натпреварите Велс - Словачка (18 часот) и Англија - Русија (21 часот).
Титулата на шампион на Стариот континент ја брани Шпанија, а по прв пат во историјата на ова натпреварување за титулата се борат 24 репрезентации.