Dejan Maksimoviç
11 Јуни 2016•Ажурирај: 12 Јуни 2016
МАРСЕЈ (AA) – Полицијата во Марсеј синоќа, втора ноќ последователно, мораше да употреби солзавец за да растера воглавно англиски навивачи кои се собраа и правеа нереди низ улиците пред почетокот на Европското првенство во Франција, јавува Anadolu Agency (AA).
Специјалните полициски сили за разбивање на демонстрации се судрија со англиските навивачи кои на улиците на делот од градот Олд Порт на полицијата фрлаа шишиња.Според извештаите на британските медиуми на улиците на Марсеј се појави група навивачи на Англија кои ја провоцираа полицијата и населението. Најновите судири избија пред паб во кој во четврток навечер се случи тепачка помеѓу англиските навивачи и локална група на млади луѓе, кои, за да ги смири, полицијата мораше да употреби солзавец.
Наводно полицијата по инцидентот во четврток на сопствениците на пабовите им издаде налог да не служат пиво на англиските навивачи поради нивното гласно пеење, што предизвика нивен револт. Потоа улиците на Марсеј станаа слични како „воена зона“. Во една таверна хулиганите предизвикаа пожар, додека полицијата стоеше на дистанца. На другата страна од улицата група луѓе, меѓу кои можеше да се слушне како зборуваат англиски, се тепаа. Еден од нив е претепан и фрлен во пристаниште.
Но, според извештаите кои доаѓаат од Франција во нередите никој не е потешко повреден, додека седум лица се уапсени.
Пред полицијата во Марсеј е вероватно уште еден возбудлив ден, бидејќи Англија и Русија вечерва во 21 часот ќе го одиграат натпреварот од првото коло од групата „Б“.