спорт

Франција распоредува 4.000 полицајци во Париз за натпреварот со Израел од Лигата на нации на УЕФА

Се очекува околу 2.600 припадници на жандармеријата и полицајци да бидат на должност околу стадионот „Стад де Франс“ во Париз

Gorana Jakovljevic  | 13.11.2024 - Обновена : 14.11.2024
Франција распоредува 4.000 полицајци во Париз за натпреварот со Израел од Лигата на нации на УЕФА

ПАРИЗ (АА) - Франција ќе распореди 4.000 полицајци во Париз за натпреварот од Лигата на нации на УЕФА што домашната репрезентацијата ќе го игра против Израел во четврток, објави францускиот весник „Ле Монд“, пренесува Анадолу.

Се очекува околу 2.600 припадници на жандармеријата и полицајци да бидат на должност околу стадионот „Стад де Франс“ во Париз, каде што утре (четврток) со почеток во 20:45 часот, во УЕФА Лигата на нации треба да започне натпреварот од втората група во Лигата А.

На трибините на стадионот ќе има и полицајци во цивилна облека.

Лоциран во северното предградие на Пари Сен Дени, „Стад де Франс“ е најголем француски стадион со капацитет од околу 81.000 луѓе.

Елитната француска интервентна полиција, исто така, ќе биде распоредена низ Париз.

Околу 4.000 полицајци ќе бидат мобилизирани и во Париз и во Сен Дени за да го обезбедат израелскиот тим, а хотелот во кој ќе престојува израелскиот тим ќе биде под надзор на полициските единици.

Редовите на стадионот најблиску до фудбалскиот терен на „Стад де Франс“ ќе останат слободни за време на натпреварот за да се избегнат упади на теренот.

За да може да управува со толпата и да ги заштити имотот и луѓето, Франција распореди најмалку 6.800 полицајци и воен персонал за финалето на Лигата на шампионите на УЕФА во 2022 година на „Стад де Франс“, во кое Реал Мадрид ја освои титулата победувајќи го Ливерпул.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın