Yunus Kaymaz
05 Април 2019•Ажурирај: 06 Април 2019
ИСТАНБУЛ
Последниот шампион на американската национална кошаркарска лига НБА, Голден Стејт Вориорс, на гостински терен го совлада тимот на Лос Анџелес Лејкерс со 90 : 108, јавува Anadolu Agency (AA).
Синоќа се одиграа 3 средби во НБА. Лидерот во Западната конференција, Голден Стејт Вориорс, гостуваше кај Лос Анџелес Лејкерс. Вориорс ја извојуваа својата 54. победа сезонава, совладувајќи го тимот на Лејкерси со резултат 90 : 108.
Демаркус Казинс постигна дабл-дабл од 21 поен и 10 скока, а свој придонес во победата на Вориорс дадоа Квин Кук со 18 поени, Кевин Дурант со 15 поени, 8 асистенции и 6 скока и Стефен Кари со 7 поени, 10 скока и 7 асистенции.
Кај домаќините најпрецизен беше Џонатан Вилијамс со дабл-дабл од 17 поени и 13 скока, Виктор Вагнер со 13 поени и 6 скока и Роџон Рондо со 12 поени и 4 скока.
- Охриѓанецот Џеди постигна 17 поени
Охриѓанецот Џеди Осман, репрезентативец на турскиот национален тим, на гостувањето во Сакраменто постигна 17 поени, 4 скока и 3 асистенции за тимот на Кливленд Кавалирс, но тоа не беше доволно за Кингс да го избегне поразот од 117 : 104.
Во редовите на Кингс напрецизни беа Бади Хилд со 23 поени, Богдан Богдановиќ со 18 поени и Деарон Фокс со 16 поени, додека кај Кавалирс дабл-дабл постигнаа Лери Ненси со 11 поени и 16 скока и Анте Жижиќ со 14 поени и 10 скока.
Синоќа се одигра и дербито на Источната конференција. Милвоки Бакс, првопласираната екипа во Источната конференција, ѝ гостуваше на третопласиранта Филаделфија Севентисиксерс. Бакси беа поуспешни и со резултат 122 : 128 ја извојуваа својата 59. победа сезонава.
Sвездата на Бакс, Јанис Адетокунбо, покажа извонреден перформанс и даде голем придонес во победата постигнувајќи дабл-дабл од 45 поени, 13 скока и 6 асистенции. Крис Мидлтон постигна 22 поени, 4 асистенции и 3 скока, а Џорџ Хил натпреварот го заврши со 20 поени, 5 скока и 5 асистенции.
НБА продолжува со 13 напревари. Се среќаваат:
Вашингтон Визардс - Сан Антонио Спарс
Орландо Меџик - Атланта Хоукс
Шарлот Хорнетс - Торонто Репторс
Индијана Пејсерс - Бостон Селтикс
Оклахома Сити Тандер - Детроит Пистонс
Хјустон Рокетс - Њујорк Никс
Минесота Тимберволвс - Мајами Хит
Далас Маверикс - Мемфис Гризлис
Јута Џез - Сакраменто Кингс
Феникс Санс - Њу Орлеанс Пеликанс
Денвер Нагетс - Портланд Треил Блејзерс
Лос Анџелес Клиперс - Лос Анџелес Лејкерс
Голден Стејт Вориорс - Кливленд Кавалирс