Abdullah Tevge
05 Април 2021•Ажурирај: 05 Април 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Во натпреварот од НБА, тимот на Филаделфија Севентисиксерс со 100:116 загуби од Мемфис Гризлис, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Синоќа се одиграа 7 натпревари во американската Национална кошаркарска лига (НБА). Севентисиксерс, лидерот во Источната конференција на НБА, на домашен терен со 16 поени разлика загуби од Мемфис Гризлис.
Кај Гризлис, 7 кошаркари постигнаа двоцифрен број поени, а најпрецизни играчи беа Дилон Брукс со 17 поени, 5 скока и 3 асистенции, Јонас Валанчунас со дабл-дабл од 16 поени и 12 скока и Грејсон Ален и Брендон Кларк кои постигнаа по 15 поени.
Во редовите на Севентисиксерс најпрецизен беше Тобајас Херис со 21 поен, 8 скока и 3 асистенции, додека Шејк Милтон постигна 14 поени.
- Хоукс до победа во последната четвртина -
Атланта Хоукс на домашен терен го пречека Голден Стејт Вориорс. Во тесна борба во првите три четвртини и благо водство од 3 поени за гостите (24:24, 33:35, 22:23), Хоукс ја доби последната четвртина со 38:29 и на крајот извојува победа од 117:111.
Кај Хоукс дабл-дабл учинок постигнаа Клинт Капела со 24 поени и 18 скока и Данило Галинари со 25 поени и 10 скока, давајќи голем придонес во победата на домаќинот.
Во редовите на Вориорс, Стефен Кари постигна 37 поени, 5 скока и 2 асистенции, додека дабл-дабл учинок остварија Кели Обри со 20 поени, 11 скока и 2 асистенции и Дрејмон Грин со 11 поени, 11 асистенции и 7 скока, но тоа беше недоволно за да се победат домаќините.
- Во дербито на Лос Анџелес победија Клиперси -
Актуелниот НБА-шампион, тимот на Лос Анџелес Лејкерс, во градското дерби играше против Лос Анџелес Клиперс. На овој натпревар Лејкерси настапија без повредениот Леброн Џејмс, а Клиперси победија со 104:86.
Најпрецизни кај Клиперс беа Кавај Леонард со дабл-дабл од 19 поени, 10 скока и 8 асистенции.
Кај Лејкерс најдобра игра прикажаа Монтрезл Харел со 19 поени, 6 скока и 2 асистенции и Тален Хортон-Такер со 16 поени и 5 скока.
- Резултати:
Бостон Селтикс - Шарлот Хорнетс 116:86
Филаделфија Севентисиксерс - Мемфис Гризлис 100:116
Атланта Хоукс - Голден Стејт Вориорс 117:111
Хјустон Рокетс - Њу Орлеанс Пеликанс 115:122
Денвер Нагетс - Орландо Меџик 119:109
Чикаго Булс - Бруклин Нетс 115:107
Лос Анџелес Клиперс - Лос Анџелес Лејкерс 104:86.