Doğa Kırmızıoğlu
05 Април 2021•Ажурирај: 06 Април 2021
АНКАРА (АА) - Викендов се одиграа средби во 5-те најсилни фудбалски лиги на Европа, Премиер лига (Англија), Ла лига (Шпанија), Серија А (Италија), Бундеслига (Германија) и Лига 1 (Франција), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во Англија, лидер на табелата е Манчестер Сити, Атлетико Мадрид во Шпанија, Интер во Италија, Баерн Минхен во Германија и Лил е лидер во Франција.
- Премиер лига -
Манчестер Сити како гостин го совлада Лестер Сити со 0:2 и продолжи со сигурни чекори да оди кон шампионската титула.
Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд, по водството на Брајтон од 0:1, успеа на крајот да победи со 2:1. Тимот на Ливерпул му гостуваше на Арсенал и го совлада со 0:3.
Изненадување во колото на Премиер лигата направи тимот на Вест Бромвич Албион. Екипата на Челзи на домашен терен со резултат 2:5 загуби од Албион.
Манчестер Сити се наоѓа на лидерската позиција во Премиер лигата со 74 бода. Второпласиран е Манчестер Јунајтед со 60, на третата позиција е Лестер Сити со 56, додека четвртопласиран е Челзи со 51 бод.
- Ла лига -
Тимот на Атлетико Мадрид, кој се наоѓа на првото место во шпанската фудбалска Ла лига, како гостин загуби од Севиља со 1:0 и претрпе голем удар во трката за првото место.
Реал Мадрид, кој продолжува со својата борба за врвот од табелата, на домашен терен со 2:0 го совлада Ејбар.
Денес во рамките на 29. коло на Ла лига, Барселона на домашен терен на Ноу камп го пречекува Реал Ваљадолид.
По 29. коло во шпанската Ла лига, Атлетико е лидер на табелата со 66 бода, Реал Мадрид е второпласиран со 63, третопласирана е Барселона со 62 бода и натпревар помалку, додека Севиља е четвртопласирана со 58 бода.
- Серија А -
Во италијанската Серија А, лидерот Интер како гостин со минимални 0:1 ја совлада Болоња. Тимот на Милан како домаќин одигра нерешено 1:1 против Сампдорија, губејќи чекор во борбата за врвот.
Аталанта на домашен терен го пречека Торино, а натпреварот заврши без победник 2:2.
За 7 април (среда) се закажани одложените натпревари Интер - Сасуоло и Јувентус - Наполи.
По 29. коло во Серија А, екипата на Интер се наоѓа на врвот од табелата со 68 поени и натпревар помалку. Следуваат Милан со 60 бода, Аталанта со 58 бода и Јувентус со 56 бода и натпревар помалку.