Abdulkadir Karakaya
25 Јануари 2021•Ажурирај: 26 Јануари 2021
ИСТАНБУЛ
Екипата на Лос Анџелес Клиперс со резултат 108:100 ја совлада екипата на Оклахома Сити Тандер во рамките на натпреварите од американската Национална кошаркарска лига (НБА) и дојде до својата 7. последователна победа оваа сезона, известува Агенција Анадолија (АА).
Синоќа се одиграа 7 натпревари во НБА. Лидерот на Западната конференција, екипата на Лос Анџелес Клиперс, на домашен терен ја совлада екипата на Оклахома Сити Тандер со резултат 108:100.
Во редовите на Клиперс, Кавај Леонард беше градител на победата со постигнати 34 поени, 9 скока и 8 асистенции, а свој придонес дадоа и Серж Ибака со 17 поени и 6 скока и Реџи Џексон со 14 поени.
Во редовите на Тандер најпрецизни беа Шаи Александер со 23 поени, 7 асистенции и 6 скока и Џорџ Хил со 22 поени и 2 асистенции, но тоа не беше доволно за да се избегне 9. пораз сезонава.
- Бакс победија благодарение на Антетокумпо
Во дуелот меѓу екипите од Источната конференција, Милвоки Бакс ја совлада екипата на Атланта Хоукс со резултат 129:115, постигнувајќи ја својата 10. победа сезонава.
Најзаслужен за победата на Бакс беше олстар-ѕвездата Јанис Антетокумпо, кој постигна дабл-дабл од 27 поени, 14 скока и 8 асистенции. Со својата игра во Милвоки се истакнаа и Боби Портис со 21 поен, 6 скока и 1 асистенција и Крис Мидлтон со 19 поени, 8 скока и 7 асистенции.
Во редовите на Хоукс најпрецизни беа Деандре Хантер со 33 поени, 4 скока и 4 асистенции и Џон Колинс со 30 поени, 7 скока и 3 асистенции, но тоа беше недоволно за да се избегне поразот од Бакс.
- Резултати:
Индијана Пејсерс - Торонто Репторс 102:107
Лос Анџелес Клиперс - Оклахома Сити Тандер 108:100
Орландо Меџик - Шарлот Хорнетс 104:107
Бостон Селтикс - Кливленд Кавалирс 141:103
Милвоки Бакс - Атланта Хоукс 129:115
Сан Антонио Спарс - Вашингтон Визардс 121:101
Портланд Треил Блејзерс - Њујорк Никс 116:113.