Yunus Kaymaz
24 Февруари 2020•Ажурирај: 24 Февруари 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Милвоки Бакс е екипа која во историјата на НБА најрано обезбедила пласман во плејоф-натпреварите, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Синоќа се одиграа 7 натпревари во американската Национална кошаркарска лига (НБА). Откако тимот на Чикаго Булс успеа да го совлада Вашингтон Визард со 126:117, Милвоки Бакс, кој е лидер на табелата во Источната конференција, е екипа која во историјата на НБА најрано успеала да избори пласман во плејофот на ова натпреварување.
Во досегашниот тек од сезоната во НБА, тимот на Милвоки Бакс одигра 56 натпревари, извојувајќи 48 победи и 8 порази, постигнувајќи успех на победи од 85,7 %.
- Лејкерси извојуваа 5 победи во серија -
Екипата на Лос Анџелес Лејкерс, лидерот во Западната конференција, на домашен терен го совлада Бостон Селтикс со 114:112 и ја постигна својата 5-та последователна победа.
Ентони Дејвис постигна дабл-дабл од 32 поени, 13 скока и 3 асистенции, додека Леброн Џејмс имаше учинок од 29 поени, 8 скока и 9 асистенции.
Во екипата на Селтикс најефикасен играч беше Џејсон Татум, кој воедно беше и најпрецизниот играч на натпреварот, постигнувајќи 41 поен, 5 скока и 2 асистенции. Џејлен Браун постигна 20 поени, 6 скока и 2 асистенции, а Даниел Тајс постигна 16 поени и 9 скока.
- Резултати:
Лос Анџелес Лејкерс - Бостон Селтикс 114 : 112
Торонто Репторс - Индијана Пејсерс 127 : 81
Денвер Нагетс - Минесота Тимберволвс 128 : 116
Чикаго Булс - Вашингтон Визардс 126 : 117
Оклахома Сити Тандер - Сан Антонио Спарс 131 : 103
Голден Стејт Вориорс - Њу Орлеанс Пеликанс 101 : 115
Портланд Треил Блејзерс - Детроит Пистонс 107 : 104.