ИСТАНБУЛ
- Јунус КАЈМАЗ
Викендов се одиграа натпреварите од редовното коло во европските фудбалски лиги, Премиер лига (Англија), Ла лига (Шпанија), Серија А (Италија), Бундеслига (Германија) и Лига 1 (Франција), јавува Агенција Анадолија (АА).
Лидер на табелата во Англија е Ливерпул, Барселона се врати на врвот во Шпанија, Баерн Минхен во Германија, Јувентус во Италија и Париз Сен Жермен во Франција.

- Премиер лига
Во Премиер лигата, Лестер Сити на домашен терен загуби од второпласираниот Манчестер Сити со 0 : 1, благодарение на погодокот што Габриел Џесус го постигна во 80. минута. Џесус влезе на теренот во 77. минута, заменувајќи го Серхио Агуеро кој во 62. минута промаши пенал.
Во лондонското дерби, Тотенхем под раководство на Мурињо со 2 : 1 го совлада Челзи благодарение на погодоците на Оливје Жиру и Маркос Алонсо, додека единствениот погодок за Челзи го постигна Антонио Рудигер.
Денес, во последниот натпревар од ова коло во Премиер лигата, лидерот Ливерпул на домашен терен ќе го пречека Вест Хем Јунајтед.
По 27. коло во англиската Премиер лига, Ливерпул се наоѓа на врвот од табелата со 76 бода и натпревар помалку. Следуваат Манчестер Сити со 57 бода, Лестер Сити со 50, Челзи со 44 и Манчестер Јунајтед со 41 бод.
- Ла лига
Во шпанската Ла лига, Барселона на домашен терен го совлада Еибар со 5 : 0. Sвездата на Барселона, Аргентинецот Лионел Меси, на овој натпревар постигна 4 погодоци.
Екипата на Реал Мадрид, која пред почетокот на последното коло се наоѓаше на врвот од табелата, како гостин загуби со 1 : 0 од Леванте. По овој пораз, Барселона го презеде водството во Ла лига.
Тимот на Атлетико Мадрид на домашен терен со 3 : 1 го совлада Виљареал. Севиља како гостин со 0 : 3 го совлада Хетафе.
По 25. коло во шпанската Ла лига, Барселона го презеде водството со 55 бода. Следуваат Реал Мадрид со 53, Атлетико Мадрид и Севиља со по 43 и Хетафе со 42 бода.
- Серија А
На натпреварот во кој португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо постигна погодок, екипата на Јувентус славеше против домаќинот Спал со резултат 2 : 1, сочувувајќи ја лидерската позиција.
Лацио, кој минатата недела на домашен терен го совлада Интер, неделава со победа се врати и од гостувањето во Џенова, совладувајќи ги домаќините со 2 : 3.
Екипата на Милан како гостин одигра нерешено 1 : 1 против Фиорентина.
Тимот на Рома на домашен терен извојува убедлива победа од 4 : 0 против екипата на Лече.
Натпреварите Интер - Сампдорија, Аталанта - Сасуоло, Верона - Каљари и Торино - Парма се откажани поради епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19).
По нецелосното 25. коло од италијанската фудбалска прва лига Серија А, на врвот од табелата се наоѓа Јувентус со 60 бода, а Лацио е второпласиран со 59 бода. Следуваат Интер со 54 бода и натпревар помалку, Аталанта со 45 бода и натпревар помалку и Рома со 42 бода.
- Бундеслига
Лидерот во германската прва фудбалска лига, екипата на Баерн Минхен, на домашен терен го совлада Падерборн со 3 : 2.
Тимот на Лајпциг, кој се наоѓа на втората позиција, убедливо со 5 : 0 го совлада Шалке 04, додека Борусија Дортмунд со 2 : 0 го совлада Вердер Бремен. Борусија Менхенгладбах на домашен терен одигра нерешено 1 : 1 против Хофенхајм.
По 23. коло во германската прва фудбалска лига, на првото место се наоѓа екипата на Баерн Минхен со 49 бода. Следуваат Лајпциг со 48, Борусија Дортмунд со 45 и Борусија Менхенгладбах и Баер Леверкузен со по 43 бода.
- Лига 1
Екипата на Париз Сен Жермен (ПСЖ) продолжува со својата доминација во француската прва фудбалска лига. ПСЖ на домашен терен беше поуспешен од Бордо и го совлада со 4 : 3. Гостите поведоа со 0 : 1 во 18. минута преку Хванг, а ПСЖ изедначи преку Кавани во 25. минута. Во продолжение во 45+2 минута, центаршутот на Ди Марија во рамо го погоди Маркињос и изненадувајќи го голманот на Бордо му донесе водство на ПСЖ од 2 : 1. Само неколку минути подоцна, во 45+6 минута голманот Рико шутна една вратена топка во нозете на Пабло, што се стркала во мрежата на ПСЖ за 2 : 2 во самиот финиш на првото полувреме.
Во продолжението на средбата, ПСЖ поведе со 3 : 2 со вториот гол на Маркињос во 63. минута, а веќе во 69. минута преку Мбапе ПСЖ поведе со 4 : 2. Во 83. минута Пардо со извонреден удар од 18 метри по средината од теренот намали на 4 : 3, резултат со кој и заврши натпреварот.
Олимпик Марсеј како домаќин го совлада Нант со 3 : 1, а Рен со 2 : 1 го совлада Олимпик Ним. Екипата на Лил со 3 : 0 ја совлада гостинската екипа на Тулуз.
По 26. коло во француската Лига 1, на врвот од табелата се наоѓа ПСЖ со 65 бода. Следуваат Олимпик Марсеј со 52, Рен со 44, Лил со 43 и Монако со 39 бода.