Mutlu Demirtaştan
03 Февруари 2019•Ажурирај: 04 Февруари 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Познати се тренерите што ќе ги водат тимовите од 68. Ол-стар натпревар во американската Национална кошаркарска лига (НБА), пренесува Anadolu Agency (AA).
Во веста објавена на интернет-страницата која го организира овој кошаркарски спектакл се вели дека се одредени тренерите на натпреварот меѓу тимот на Леброн Џејмс од Лос Анџелес Лејкерс и тимот на Јанис Адетокунбо од Милвоки Бакс.
Тренерот на тимот на Леброн Џејмс ќе биде тренерот на Денвер Нагетс, Мајк Малоун, додека на тренерската клупа на тимот на Јанис Адетокунбо ќе седне тренерот на Милвоки Бакс, Мајк Буденхолцер.
Спектаклот Ол-стар викенд на американската НБА лига ќе се одржи од 16 до 18 февруари во салата „Спектрум центар“ во градот Шарлот, во сојузната држава Северна Каролина.